Жител на струшко Мороишта загина во сообраќајка кај охридскиот аеродром

Триесет и седумгодишниот Благоја Р. од струшкото село Мороишта го загуби животот во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Струга во близина на охридскиот аеродром.
Според полицијата, несреќата се случила околу 21:15 часот во близина на бензинската пумпа „Бесјани“, а до несреќата дошло кога Благоја управувајќи го патничкото возило „Киа“ со струшки таблички во правец од Струга кон Подмољје, изгубил контрола врз автомобилот и со предниот дел удрил во метална канделабра и ограда со бетонски столбови. Од силината на ударот, возилото се превртело на покривот и излетало надвор од патот.
Во тешка состојба повредениот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител на местото на сообраќајната незгода е извршен увид од страна на полицијата, а сообраќајот за време на увидот е со наизменично регулирање на сообраќајот.
Врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, како и дополнително вештачење врз патничкиот автомобил.
Ново на Сител
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
