-->
-->
Жител на Пештани затекнат при „незаконит риболов“
-->
Четириесетгодишен жител на охридското село Пештани (К.М.) бил лишен од слобода вчера во 17 часот во СВР Охрид.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека претходно, во атарот на селото, тој бил затекнат при вршење кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат.
-За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори