-->
-->
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-->

Млад жител на неготинското село Пепелиште пријавил во полиција напад од три лица, а според пријавеното, нападнати биле и неговите родители и бабата. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет. Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
