Жител на неготинско Тимјаник возел без возачка, одземено му е возилото

Патничко возило било привремено одземено, а жител на неготинското село Тимјаник бил приведен, откако се констатирало дека тој возел без положен возачки испит, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода лице од село Тимјаник. При сообраќајна контрола на крстосница од улиците Фемо Кулаков и Марксова во Неготино, сопрено било патничко возило „цитроен“ со неготински регистарски ознаки, управувано од лицето, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено, соопштија од СВР - Велес.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР - Велес, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Фемицидот не е изолирано убиство, институциите мора навреме да го препознаат
-

Институциите го пробиваат рокот за одговор за слободен пристап до информации
-

Преглед на вестите од светот
-

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
-

Четврта Ајвaријада во општина Босилово
-

Преглед на вестите од светот
