Жител на Љуботен: Во 2001 немаше толку полиција
Жител на Љуботен во изјава за Сител вели дека оваа акција која утрово ја спроведе финансовата полиција и МВР поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење со акцизна стока и царинска измама само ги вознемирило граѓаните.
Тутунот на селаните што го работат по нивните ниви тие го земаа денеска и бараат некаков си друг тутун што не е дозволен, но тој не е најден тука во селото. Така што овој тутун што е најден тука е со потта на граѓаните, селаните сами работат, не се вработени на друго место од каде ќе може да имаат финансии за живеење, ова денеска од село Љуботен го изјави жител на селото.
Тој додава дека жителите имаат свој ниви и работат само со две култури само со тутун и бостан, а ако и тоа нема да им го дозволат на нивните селани, што ќе им дозволат? Да крадат? Прашува жителот на Љуботен.
-Јас ќе кажам еден голем збор, во 2001 немаше толку полиција внатре во селово и сета оваа галама да се напрати за потта на граѓаните мислам дека не е во ред, рече тој.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
