-->
-->
Жител на делчевското село Бигла пронајден удавен во реката Брегалница
-->
Машки труп е пронајден во водите на реката Брегалница во близина на делчевското село Драмче. Увид на местото на настанот извршила делчевската полиција од каде информираа дека причина за несреќата е давење.
– На 27.04.2021 во 11.30 часот во полициската станица Делчево е пријавено дека во река Брегалница на место викано „Долна Река“, атар на село Драмче, е пронајден удавен Ф.М.(63) од село Бигла, делчевско. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а наша екипа изврши увид на местото на несреќата, информираа од полицијата.
По наредба на јавен обвинител како што додадоа, телото било предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци