Жесус се обврза со шампионите на Англија за уште пет години

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус го продолжи договорот со клубот за дополнителни две години, со што „граѓаните“ ги обезбедија неговите услуги барем до летото 2023-та.
Дваесет и едно-годишниот Бразилец е еден од најветувачките напаѓачи во светот, а статистиката во Англија го докажува тоа. Од јануари 2017 година до сега, тој има 24 гола во 53 натпревари за Манчестер Сити, а неговиот придонес за титулата и Лига Купот минатата сезона е неспорен.
- Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за начинот на кој ме пречекаа и се однесуваат со мене. Можам да кажам дека одлуката да дојдам во Манчестер Сити е најдоброто нешто во мојот живот, бидејќи тука се развивам како професионалец и личност. Пеп има суштинска улога за тоа да останам, но истото важи и за самиот клуб. Тоа е огромен клуб кој станува се поголем и поголем, па сакам да се заблагодарам на сите. Се надевам дека ќе продолжам да ги правам навивачите среќни, изјави Жезус пред сајтот на Манчестер Сити.
Младиот напаѓач беше стартер за Бразил во сите натпревари на тимот на Мундијалот 2018.
Ново на Сител
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
