Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во Дијарбекир

Во турскиот град Дијарбекир, во југоисточниот дел на земјата, вчера дојде до жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата, соопшти ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.
Судирите беа предизвикани од група агресивно настроени лица, кои се собраа во неколку квартови од градот за да го изразат своето незадоволство од терористичкиот напад во градот Суруч.
Демонстрантите на улиците запалија канти со ѓубре, и врз полицајците фрлаа камења и шишиња со запаллива материја.
Силите на редот беа принудени да употребат солзавец и водени топови врз предизвикувачите на нередите.
Во градот се мобилизирани дополнителни единици од специјалци и оклопна техника.
Полицијата информира за уапсени лица. Според локалните медиуми, ситуацијата во градот постепено се нормализира.
Вакви судири претходната вечер беа организирани во истанбулскиот кварт Кадакој, каде полицијата употреби солзавец и водени топови и притоа приведе неколку десетици лица.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
