-->
-->
Жестока тепачка во парламентот, летаа столици, пратениците се тепаа и со микрофоните
-->
Пратениците во средата втор ден по ред се тепаат во парламентот во Уганда поради жестоките спорни уставни измени со кои владечакиот претседател Јовери Мусевени би можел повторно да се кандидира на претседателските избори откако ќе наполни 75 години.
Според постоечкиот устав право на кандидирање за претседател на Уганда немаат лицата постари од 75 години.
Мусевени (73) кој е на власт од 1986 година се соочува со повеќе обвинувања за авторитарност и неуспех во борбата со корупцијата, и така не би можел да се кандидира на идните избори во 2021 година. Со укинување на старосната граница ќе се тргне таа бариера.
Предлогот за измена на уставот предизвика широк бунт на активистите, опозициските партии па и некои членови од партијата на Мусевени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце