-->
-->
Жестока тепачка на свадба во Турција - столчињата биле главно „оружје“
-->
На свадба во турскиот град Адана настанал хаос откако гостите започнале да се тепаат затоа што наводно не можеле да се договорат околу музиката.
Како што може да се види на снимката столиците главно „оружје“ во преметката и летале на сите страни. Како што пренесуваат турските медиуми, невестата и младоженецот доаѓаат од различни региони на Турција, па и двајцата сакале на свадбата да има традиционална музика од нивните родни места.
Некое време наизменично се пуштала различна музика, но очигледно тоа не ги задоволило гостите, па ситуацијата набрзо ескалирала во масовна тепачка.
На крајот морала да интервенира и полицијата, но никој не бил уапсен. Младенците потоа ја напуштиле свадбата, а истото го сториле и нивните гости.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
