Женска трка „го победи“ дождот

Дождот и студениот ветар не беа пречка околу 2.000 денеска да се појават на стартот на 10.то јубилејно издание на Женска трка кое се одржа во Градскиот парк. На неколку минути пред стартот на трката и дождот престана , што беше мотив пред се за добра дружба и добра атмосфера.Трката имаше и хуманитарен карактер. Покрај учесничките имаше и бројна публика, пред се најблиските на учесничките, децата, сопрузите, роднините, ...
- Денешната 10та по ред, Авицена Женска трка со над 2000 учеснички, што е 50% повеќе од очекуваното, е порака дека припадничките на понежниот пол се грижат за себе си, за своето здравје и среќа. Горда сум дека го надминавме рекордот на заинтересирани жени од цела земја, кои докажаа дека динамиката се гради преку спорт. Испраќам порака до сите жени, во уште поголем број да се пријават и да земат учество инекои од наредните настани во следниот период или наредната година на 11тото издание на Авицена Женска Трка, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.
По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2022.
Авицена Женска трка и оваа година покажа дека спортската култура кај женската популација се зголемува од година во година и дека со добра организација секој може да води здрав живот.
Ново на Сител
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
-

Македонец ја убил Гркинката исчезната пред три седмици, телото го закопал во поле
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
