Жени направиле пластични операции во друга земја, па на аеродром не ги пуштале да се вратат дома
Три жени кои отпатувале во Јужна Кореја за да направат пластични операции, при враќањето се задржани на аеродром, зошто повеќе на личеле на оние жени од фотографиите од пасошите, пренесува Дејли Мејл.
Дамите од Кина се уште се опоравувале од оперициите кога си тргнале кон дома. Лицата им биле отечени, а околу главата имале завои.
Речено им е дека се задржани поради своите пасошки фотографии и дека нема да можат да се вратат дома.
Целиот настан се случил на еден аеродром во Јужна Кореја во текот на кинескиот националниот празник.
Се верува дека трите жени, кои не се идентификувани, ја искористиле „Златната недела“ и отпатувале во соседна Јужна Кореја за да ги направат пластичните операции.
Фотографиите на социјалните мрежи на 8. октомври ги постави Јиан Хуахуа, кинеска презентерка на вести.
Јужна Кореја стана најпопуларна дестинација за пластична хирургија, а Кинеските одат таму да се оперираат веќе деценија ипол.
Кинеските туристи ја користат таканаречената „медицинска виза“ за да отпатуваат на операција во Јужна Кореја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука