-->
-->
Жена потешко повредена во пожар во куќа во Куманово
-->

Една жена е потешко повредена во пожар што избувнал синоќа во куќа во Куманово. Жената поради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Во пожарот целосно изгорело приземјето на куќата.
Од МВР информираат дека пожарот избувнал синоќа околу 23:20 часот во Куманово на улица „Сава Ковачевиќ“ во куќа сопственост на Ч.К.
- Притоа целосно е опожарено приземјето на куќата. Од пожарот С.К.(60) се стекнала со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, по што поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Терезеа" на понатамошно лекување, соопштуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
