Жена која работела како туристички водич во Јапонија по втор пат е позитивна на коронавирус

Кај жена која работела како туристички водич во Јапонија втор пат е утврден коронавирус, откако веќе еднаш била примена во болница за тоа, соопштија властите во Осака, што е прв ваков забележан случај во оваа земја, јавува Ројтерс.
Жената повторно е тестирана на вирусот кој по втор пат бил позитивен, откако почуствувала одредени симптоми поврзани со болеста.
Прв пат е тестирана кон крајот на јануари, а од болницата е пуштена по опоравувањето, на почетокот на февруари.
Во Јапонија се регистрирани 186 случаи на коронавирус, а до сега починаа седум заболени. Токио ги повика граѓаните да не се собираат во голем број, најавувајќи дека Олимписките игри ќе се одржат во градот.
Во Кина ваквите случаи каде лицата кои се излечени повторно е утврден вирусот забележани се неколку пати.
Од оронавирусот досега починаа повеќе од 2.700 луѓе, повеќето во Кина.
Ново на Сител
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
