Железничка несреќа во Германија, најмалку тројца загинати, 60 повредени
Во железничка несреќа што се случи претпладнево на југот на Германија, според последните податоци загинаа најмалку тројца, додека повеќемина се повредени.
Несреќата се случила околу пладне во близина на Гармишпартенкирхен, кога регионалниот воз на кат, преполн со патници, излегол од шините.
Според полицијата, покрај тројцата загинати, повеќе од 60 се повредени, од кои 16 потешко.
Сведоци велат дека неколку вагони се превртеле и се излизгале од железничките пруги, по насипот. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот сообраќал на линија Гармишпартенкирхен – Минхен.
На помош на пожарникарите им се придружиле и припадници на Бундесверот (федерални војници) и сојузната полиција кои се стационирани во овој дел на Германија, поради претстојниот самит на земјите од Г7 во градот Елмау. Во Германија денеска почнува тродневниот празник Духови, на кој се најавува еднонеделен школски распуст.
Истовремено, во средата во Германија почна продажбата на месечните билети за возење во јавниот превоз и во локалните возови по цена од 9 евра, шт предизвика невообичаено висок број патници и метеж од локални жители и турсти.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц