Жбогар денеска во посета на Битола
Амбасадорт, Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија денеска ќе ја посети Битола, а таа е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ во земјата.
Во соопштението на Делегацијата на ЕУ, се вели дека амбасадорот Жбогар ќе се сретне со градоначалничката на општината Наташа Петровска, а ќе посети и неколку проекти финансирани од ЕУ кои се спроведуваат во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција.
Европската Унија инвестираше 240.000 евра за основање на мобилна детска градинка во која се нудат алтернативни предучилишни активности за маргинализирани деца на предучилишна возраст од руралните и оддалечените области во Битола. Мобилната детска градинка, која работи како центар за деца од обесправените и сиромашните заедници, ќе биде сместена на паркингот на зоолошката градина во Битола.
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
