-->
-->
Жан Пјер: Нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на непосреден начин
-->
Немаме причина да ја актуелизираме нашата стратешка нуклеарна позиција, исто како што немаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје на непосреден начин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер.
Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека за првпат по Студената војна, светот се соочува со ризик од нуклеарен Армагедон. На прашањето дали предупредувањата на Бајден се поврзани со нови разузнавачки информации достапни за САД, портпаролката на Белата куќа одговори: „Не“.
Таа додаде дека зборовите на Бајден се засилена верзија на претходните изјави од Белата куќа, кои покажуваат колку сериозно се сфаќаат заканите на Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ