Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација
Енио Мориконе беше извор на постојана инспирација – како член на семејството, рече францускиот музичар Жан Мишел Жар по веста за смртта на прочуениот италијански композитор.
Тој за Французинот бил огромен дел од неговиот личен живот. – Чудно е да го кажам ова, кога во семејството имам познат филмски композитор (мисли на својот татко Морис)… Без Мориконе, како и многу други музичари, мислам оти не би бил ова што сум денес, изјави Жан Мишел Жар.
Францускиот пионер на електронската музика додава дека Мориконе влијаел на него и поради неговиот пристап кон звукот во однос на сликата и мешавината од неверојатни мелодии и современ звук.
– Тој ја пишуваше музиката на иднината. Како музичар, тој твореше на традиционален начин, но потоа ја интегрираше и современата електроакустика… Никогаш нема да го заборавиме, истакнува Жан.
Според него, Мориконе имал огромно влијание на секој вид музика, далеку вон филмските ноти, притоа потсеќајќи дека и „Металика“ ги почнувала концертите со звуците од „The Ecstasy of Gold” од филмот „Добриот, лошиот и грдиот”.
Мориконе почина ноќеска на 91 година во болница во Рим, откако прењд неколку дена паднал и си ја повредил бедрената коска. Неговото име е запишано во над 500 филмски и телевизиски продукции.
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
