Жалбата на Википедија за нејзина забрана во Турција пред Уставниот суд
Уставниот суд на Турција денеска ќе ја разгледа жалбата на Википедија за забраната за користење на онлајн енциклопедијата веќе две години во таа држава.
Турција го блокира пристапот до Википедија во април 2017 година поради одбивање на веб-страница да отстрани содржина што турската Влада ја смета како дел од кампањата за „оцрнување“ на државата.
Забраната беше изречена според закон што дозволува владата да забранува веб-страници што се сметаат за закана за национална безбедност.
Википедија вели дека забраната го нарушува правото на граѓаните за пристап до информации и слобода на изразување. Интернет-енциклопедијата се жалеше до Уставниот суд на Турција и сака да ја укине забраната.
Уставниот суд се очекува денеска да разгледа дали целосна забрана за Википедија ја нарушува слободата на изразување.
Википедија се обрати и до Европскиот суд за човекови права.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа