Жак Делор: Потребно е ново втемелување на Европската Унија

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, кој утре ќе го прослави својот 90 роденден, во интервју за неделникот „Журнал ди диманш“, вели дека будно ја следел грчката криза, која го потсетила на долгите ноќи на преговори од негово време и која му оставила „горчлив вкус“.
- Оваа криза доволно зборува за недостигот на волја за здружување во Европа во овој момент, вели Делор, кого многумина го сметаат за еден од творците на идејата за поголема европска интеграција, за што говори и извештајот што го носи неговото име од 1989 година, кога тој претседаваше со Еврокомисијата, каде се наведени услови за создавање на идната заедничка европска валута.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Делор вели дека актуелната криза само ги потврдила неговите предупредувања од опасноста од функционирање на Унијата врз основа на два нееднакви столба.
- Овај систем повеќе е невозможно да се управува, ова не може да потрае. Потребно е ново втемелување на оваа економска и монетарна унија, Дали тоа ќе го направат? Има еден недостиг во конструкцијата од самиот почеток. Ги има, исто така, и глупостите и неспособноста на евро зоната да им стави крај, смета Делор.
Според него, во „актуелната ситуација е избегнато најлошото, но Европа не е морална сила во добрата смисла на овој термин“.
- Потребно е да се реконституира оваа морална сила, која беше силата на Европа во претходните периоди, како што беше моментот на падот на Берлинскиот ѕид, додава Делор.
Ново на Сител
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
