Згрижени двајца бездомници во Струмица
Две бездомни лица на возраст од 70 и 56 години од синоќа се згрижени во контејнерите поставени во дворот на Црвениот крст во Струмица, информираа од оваа организација.
– Ние бевме подготвени за прием на бездомници уште пред студениот бран кој ја зафати државата. Двете лица престојуваат во затоплени простории и добиваат топол оброк. Ние имаме капацитет за сместување на осум лица во нашите два контејнери. За разлика од лани, кога нашите услуги ги користеше само еден бездомник, сега имаме двајца. Објектите се подготвени и имаме залихи на храна, информираше Маријана Тошева, секретар на Црвениот крст на Струмица.
Апелира до граѓаните доколку се во можност да донираат топла облека за возрасни машки лица и додава дека граѓаните можат да пријават бездомно лице на телефонските броеви 070 381 660 и 071 345 901.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош

