Македонија
22. May 2021 - 18:10

Зголемена појава на влекачи во делчевско

Зголемена појава на влекачи во неколку населби во Делчевско. Граѓани алармираат за претпазливо движење во природа особено на места со ниска вегетација, тревнати површини и каменливи предели каде деновиве се забележани змии отровници. Во последниот случај утрово, како што информира делчевецот Гоце Митевски, змија е забележана во близина на Детското игралиште во населба Ново Делчево.

– Змијата ја забележаа дел од родителите и децата кои беа во посета на игралиштето денеска околу 11 часот. Јас со моето дете исто така бев во паркот, притрчав напомош и успеав некако да ја отстранам змијата од игралиштето. Децата беа видно исплашени, бидејки некои од нив воопшто немаа видено змија, истакна Митевски.

Додава дека змијата била отровна и чиста среќа според него е што во целата ситуација се, се завршило добро по дечињата.

– Змијата искрено не би можел точно да кажам од кој вид е, но како што може да се се забележи на фотографијата има одредени шари по долниот дел од телото, што укажува на тоа дека е отровна, додаде Митевски.

Митевски како вработен во јавното комунално претпријатие во Делчево со оваа појава се среќава често, но како што вели влекачите ретко се појавуваат на места каде има голема врева. Сепак апелираше децата и родителите да внимаваат при посетата на ова игралиште, бидејки на неколку места во близина на игралиштето се забележани мали отвори, кои би можеле да бидат потенцијални скривалишта на влекачите.