Зголемена фрекфенцијата на ГП „Блато“

Од почетокот на овој месец забележана е зголемена фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар.
Како што информираат од Граничната полиција-Запад во обични денови границата ја минуваат по над 1.500 патници, додека во викенд и над две илјади, што се смета за историски рекордна бројка.
- Македонските државјани од Дебар, но и другите градови на Македонија во Албанија патуваат главно за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улциљ. Но исто така одат и на домашни веселби кај свои роднини и пријатели. Што се однесува до албанските државјани, тие во Македонија доаѓаат на шопинг пред се во Дебар, посебно во саботните денови кога во овој град е пазарен ден, потоа кај роднини на веслеби, но и за сезонска работа, велат од Граничната полиција-Запад.
Албанските граѓани во Дебар пазаруваат прехрамбени артикли, безалкохолни пијалаци, обувки, облека, ...лекови па дури и гориво кое е поевтино во Македонија, но како што самите велат и многу поквалитетно.
Во близина на Дебар функционира и преминот за локален граничен сообраќај Џепиште - Требиште. Тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој работи секој ден од 8 до 20 часот односно од 8 до 18 часот според зимското работно време и е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.
Дневната фрекфенција е околу сто лица, кои главно во Дебар доаѓаат од областа Голо Брдо, заради шопинг но и тамошни жители кои работат во Грција, а од почетокот на август доаѓаат во родниот крај.
Ново на Сител
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
-

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади
-

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми
-

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во државата
-

Николоски - Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
-

Полицијата во Белгија со помош на „ГТА 6“ ги предупредува младите: Играта не е вистински живот
-

Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
