Зголемeна цената на Ел-1 горивото согласно Уредбата за изедначување на акцизата со дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) донесе одлука малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (Ел-1) да изнесува 51,5 денари за литар со што изврши усогласување со објавената измена на Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба во Службен весник број 169 со која акцизата на маслото за греење се изедначува со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво (дизелот).
-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од самиот почеток од кога се отвори дебатата за акцизите е со јасен недвосмислен став дека е неопходно да се изедначи акцизата на екстра лесното масло за греење, односно така наречената црвена нафта, со дизелот за да се заштити животната средина. Нашите анализи покажуваат дека ова гориво се користи во драстично поголеми количини од реалната потреба што, пак, е показател дека поради пониската цена, горивото иако е со намена да се користи за греење, се злоупотребува и се користи за транспорт, со што се создава нелојална конкуренција а и помалку пари се слеваат во буџетот, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Во 2019 година во продажба се евидентирани над 40.000 тони екстра лесно масло за гориво.
Според структурата во потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар, во 2019 година дизел горивата учествуваат со 68,5 отсто, безоловните бензини се со учество од 11,02 отсто, мазутот е со 7,7 и течниот нафтен гас со 7,8 отсто. Потоа следуваат екстра лесното масло (ЕЛ-1) со 4,73 отсто, биогоривото со 0,19 и млазното гориво со 0,06 отсто.
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО