Зголемена активноста на вулканот Етна во Сицилија

Зголемена е активноста на вулканот Етна во Сицилија, објавија експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија.
Тоа е ерупција од таканаречениот „нов кратер“, кој се наоѓа на врвот на југоисточната падина на планината Етна. Последен пат вулканот „се разбуди“ на 14 јули.
Синоќа специјални термички камери откриле формирање жешки фонтани од лава, експлозии, емисии на пепел, па дури и мал прилив на лава. Овие феномени се проследени со земјотрес од ниска до средна јачина.
Вулканолозите од Сицилијанскиот центар ја оценија ситуацијата како релативно мирна.
Новото зголемување на вулканската активност нема да влијае на работата на меѓународниот аеродром во Катанија, каде што често, поради силни емисии на пепел, е неопходно да се спречи полетувањето и слетувањето на авионите.
Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, а во јуни 2013 година е ставен на списокот на УНЕСКО како светско наследство. Во март 2017 година, десет лица беа повредени за време на ерупцијата на вулканот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
