Зголемен товарниот и карго превозот во третиот квартал

Во третиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72 проценти, во железничкиот превоз за 3,8 проценти, во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на вториот квартал годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,5 проценти, во воздухопловниот за 20,7 проценти, а во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44,4 проценти.
Според статистичките податоци, во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7,9 проценти, а во железничкиот превоз е регистрирано намалување за 46,6 проценти. Во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезени патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5,2 проценти.
Споредено со вториот квартал годинава, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,9 проценти, во градско-приградскиот за 22,4 проценти, во железничкиот за 2,9 проценти, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 проценти.
Ново на Сител
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
