Зголемен смртниот биланс од вчерашниот земјотрес во Турција, попладнево уште еден потрес
Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ.
Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди во земјотресот биле повредени 1466 лица.
Турските медиуми јавуваат дека од под урнатините, спасувачките екипи успеале да извлечат живи најмалку 43 лица.
Во најпогодената област Елазиг, денеска повторно беше регистриран земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала. Земјотресот се случи околу 19.30 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, јави американскиот Геолошки институт. Засега нема информации за повредени во денешниот земјотрес.
За жителите на провинцијата Елазиг, тоа беше втор голем земјотрес што го погоди регионот за помалку од два дена. Вчерашниот земјотрес, со јачина од 6,8 степени покрај човечките жртви, уништи и неколку згради, а предизвика и најмалку еден пожар.
Ново на Сител
-
Какви последици може да имаат злоупотребите во Академијата за судии и јавни обвинители?
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали врховен судија посредувал за прием и полагање на кандидати за судии и обвинители?
-
Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци
-
Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена
-
ДУИ не чувствуваат одговорност за измените на Кривичниот законик, ВРЕДИ ги повикаа да признаат дека згрешиле
-
Српски полицајци ќе патролираат во Охрид