Зголемен прометот во индустријата во септември
Прометот во индустријата во септември бележи зголемување за 4,6 проценти во споредба со истиот месец лани.
Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 7,4 проценти, додека прометот остварен на домашниот пазар е намален за 6,8 проценти.
Пораст на прометот има во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 проценти и во преработувачката индустрија за 4,6 проценти.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарните производи, освен енергија, капиталните производи, трајните производи за широка потрошувачка и нетрајните производи за широка потрошувачка.
Во споредба со август годинава, прометот на индустријата во септември е зголемен за 12,8 проценти, додека во периодот јануари - септември има зголемување за 6,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Ново на Сител
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП