Македонија
30. July 2017 - 11:10

Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини

Сообраќајот на патиштата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци е зголемен надвор од градските средини.

Авто-мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.