-->
-->
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-->

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.
Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде постои можност од одрони.
Од 17 август до 1 октомври 2026 година е изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради санација на косината на автопатот А4, на делницата Миладиновци–Свети Николе–Штип.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
-

Шестмина хоспитализирани со западно-нилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба
-

Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
