Зголемен бројот на заболени од грип во Крива Паланка и Ранковце
Бројот на заболени од грип на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце во јануари е зголемен во однос на претходниот месец. Во јануари биле регистрирани 58 случаи на заболени од грип.
- Пријавувањето на заболени, продолжува и понатаму. Овој месец на ниво на општините Крива Паланка и Ранковце има 58 заболени од грип. Во споредба со месец декември кога сме имале 38 заболени, бројто е зголемен за 20 случаи, но споредено со јануари минатата година имаме значително зголемен број бидејки истиот период во 2016 имало само 11 регистрирани случаи, изјави Елена Крстевска од хигиено-епидемиолошката служба на ПЕ Центар за јавно здравје Крива Паланка.
Во однос на возрасната популација од вкупно 58 заболени, 46 случаи се на возраст од 15 до 64 години.
-Повторно најзафатена возрасна група е од 15 до 64 години, но има и 12 заболени од грип на возраст над 65 години. Препорачуваме граѓаните да ги следат препораките за избегнување контакт со заболени од ова вирусно заболување како и поголеми собири, а секако, да внесуваат и доволно витамини и течности, додаде Крстевска.
Бројот на заболени од грип се очекува да се зголемува, бидејќи според статистиката од минатата сезона на пријавување бројот на регистрирани случаи бил најголем во месец февруари.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива