Македонија
30. March 2016 - 13:53

Згасна уште еден живот: Млад велешанец почина на лице место

Уште еден живот згасна во сообраќајна несреќа. Во 10 часот вчера, на крстосницата од улиците АСНОМ и Андон Шурков Даеву Матиз со велешка регистрација, во сопственост на такси компанија, со кој управувал 45-годишниот С.А. се судрил со Мерцедес управуван од 24-годишниот С.А. од велешко.

За жал, возачот починал на лице место.

 По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилата биле однесени на вонреден технички преглед.