Зетот на претседателот Трамп под „специјална проверка“ на ФБИ
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер (36) се наоѓа под „специјална проверка“ на ФБИ, во рамките на отворената истрага за руските врски со изборната кампања на сегашниот претседател, јавува Ен-Би-Си.
Неименуван американски функционер, за оваа телевизиска компанија изјави дека истрагата што ја води ФБИ верува оти Кушнер „има значајни информации“ кои се важни за натамошниот тек од истражната постапка.
ФБИ ги испитува потенцијалните врски на тимот на Трамп со Русија и со руски функционери, во текот на неговата претседателска кампања во 2016 година.
Трамп ги отфрла сите обвинувања, за постоење на каков било таен дпоговор, меѓу неговата предизборна кампања и Русија.
- Интересирањето за Кушнер, не значи дека екипата што ја води истрагата го сомничи зетот на претседателот за сторено кривично дело, или дека има намера да покрене обвинување против него, рекол за Ен-Би-Си неименуваниот функционер.
Весникот „Вашингтон Пост“ од своја страна открива дека истрагата за руските врски, во случајот со Џаред Кушнер е насочена кон „целата серија средби“ на зетот на претседателот со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак и со еден банкар од Москва.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста