„Зери“:Неизбежни се предвремени избори во Косово

Во Косово годинава ќе се одржат локални избори, а редовните парламентарни избори треба да се одржат до година.
Но, кога станува збор за изборот на народни избраници,се погласно се зборува дека тоа ќе биде на предвремени избори.
Кадри Весели,лидер на најголемата политичка партија,Демократската,вели дека на предвремени избори може да се оди само доколку има договор помеѓу власта и опозицијата.
- Како лидер на главната политичка партија во земјата,може да кажам дека опозицијата нема да може да не принуди да се откажеме од мандатот кој ни го даде народот со големо мнозинство гласови.Предвремени парламентарни избори може да има само доколку се постигне политики договор власт-опозиција, смета Весели.
Од друга страна, најголемиот политички опозициски субјект,Движењето „Самоопределување“, јасно става до знаење дека нема друга опција освен предвремени избори годинава.
Теута Руста член на Генералниот совет на овој политички субјект оценува дека незвисно од изјавите на Весели,земјата ќе оди на предвремени избори.Таа уште додава дека предвремените избори се неизбежни и оти земјата е неопходно да се ориентира на тој пат.
- Предвремени ибори се неопходни имајќи во предвид дека имаме Влада и премиер,кои уште повеќе ги деградираа условите во кои живеат граѓаните. Нема никаков напредок во битните свери во земјата, вели Руста.
Таа споменува уште еден елемент кој ја носи земјата кон предвремени избори, а тоа е условувањето на Владата од страна на „Листа српска“.
-Уште еден друг елемент зошто оваа Влада треба да си оди. Премиерот Иса Мустафа е условен од Белград преку „Листа српска“. Една условена Влада,која одржува вакви односи не може да владее за доброто на земјата,- изјави Руста за приштински „Зери“.
Ново на Сител
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
