-->
-->
Земјотрес во Велика Британија
-->
Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југозападниот дел на Велика Британија, соопшти Британскиот институт за геолошки истражување.
Според експертите, ова е најсилен земјотрес регистриран во Велика Британија во последниве неколку децении.
Епицентарот на потресот бил на 20 километри северно од велшкиот град Свонси, а тој се почуствувал во Велс и во југозападните делови на Англија.
Земјотресот предизвикал паника кај населението, а регистрирани се оштетувања на неколку згради и бил предизвикан времен прекин на снадувањето со електрична енергија.
Жители на реоните во кои е почуствуван потресот во изјави за британските медиуми земјотресот го опишаа како „голема експлозија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите