Земјотрес од 3,8 степени почуствуван во Ресен, Охрид, Струга, Битола и Кавадарци
Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почувствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци. Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, се посочува во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.
Ново на Сител
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
-

Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-

Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
-

Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес
-

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-

„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка
