Македонија
27. February 2022 - 14:15

Земјотрес од 3,6 степени почувствуван во Битола

Попладнево почувствуван земјотрес во Битола. Земјотресот бил со јачина од 3,6 степени по Рихтер.

Според првичните информации епицентарот е кај македонско-грчката граница во близина на Битола. Потресот се случил околу 14:01 часот, според податоци од ЕМСЦ.