Земјоделци го блокираа влезот и излезот на село Муртино
Производители на пролетната зелка денеска незадоволни поради намалената откупна цена на зелката ги блокираа влезот и излезот на село Муртино.
Тие се нездоволни бидејќи од утрово откупната цена на пролетната зелка паднала од 30 на 25 денари.
– Без никаква најава трговците ја намалија откупната цена и тоа на многу недостоинствен начин. Имено, утринава кога отидовме да подигнеме гајби за берба на пролетната зелка никој не ни кажа дека откупната цена е 25 денари. Така не оди. За само десетина денови, од почетокот на откупот, откупната цена падна од 40 на 30, а сега на 25 денари, вели Трајко Пандев земјоделец од село Муртино.
Земјоделските производители продолжуваат да го блокираат влезот и излезот во селото Муритно, и бараат интервенција на надлежните органи откупната цена барем до Велгиден да изнесува 30 денари за килограм пролетна зелка.
Ново на Сител
-
Јанкуловска: За прв пат во историјата Македонија доби жена за Претседател!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 9,61% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 20.713 - СДСМ 5.857
-
Силјановска Давкова победник кај гласачите од дијаспората
-
ЈО: Изборниот ден генерално помина без поголеми нарушувања и пријави
-
Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
-
Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ
-
Пендаровски: Бев оптимист по првиот круг, со бојкотот се оштетуваат моите потенцијални гласачи
-
Муцунски: ДУИ загуби дупло, бојкотот не им успеа и одат во опозиција