Земјите од Вишеградската група повикуваат ЕУ да ги исполни обврските кон Северна Македонија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамки на неговата турнеја низ европските главни градови, денеска престојува во работна посета на Варшава, каде што оствари одделни средби со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович и со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански.
Централна тема и на средбите во Варшава, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, беа европските перспективи на земјава и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите за членство на Самитот на ЕУ во октомври.
– Полска е голем пријател и партнер на Северна Македонија и веројатно еден од најзначајните поддржувачи за нашите европски интеграција во Унијата, но и во рамките на земјите од Вишеградската група, изјави Османи, пренесувајќи ја благодарноста на Владата и земјава за континуираната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Полска.
Од страна на полските домаќини, на средбите беше потврдена оваа поддршка, а беше упатена и порака на оптимизам за добивање консензус од страна и на останатите земји-членки, за потврда на одлуката во октомври, реафирмирајќи притоа дека државата ги има исполнето буквално сите критериуми и услови што беа побарани од страна на Унијата, од која, беше нагласено – сега се очекува да го испорача ветеното.
Посетите на Берлин и Варшава преставуваат дел од турнејата на вицепремиерот Османи низ главните градови на земјите-членки на ЕУ во пресрет на октомвриските состаноци на Европскиот совет.
Претходно, Османи ги посети и Брисел, Стокхолм, Хелсинки, а во пресрет на самитот планирани се негови посети и на останатите европски метрополи
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош