Земјите на В4 ги отфрлија задолжителните квоти за распоредување на бегалци

Министрите за внатрешни работи на земјите на Вишеградската група (В4) денеска во Прага со заеднички Меморандум ги отфрлија задолжителните квоти за прераспределување на бегалци во земјите на ЕУ, јави дописникот на МИА.
Во борбата против нелегалната миграција, според Чешка, Словачка, Полска и Унгарија приоритет е исполнувањето на обврската да започне на функцијата на прифатните центри за бегалци т.н ,,хот спотови" поставени на надворешните граници на ЕУ.
- Земјите на В4 и натаму одбиваат задолжителни квоти за релокација на бегалците, рече чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец, информирајќи дека на предлог на полскиот колега Мариуш Блашчак тоа го вметнале во денешниот Меморандум.
Хованец, додаде дека ,,четворката" е едногласна дека нелегалната миграција може да се запре само со постојана заштита на надворешните граници и затоа се потребни ,,хот спот- центрите".
- Да се војува против нелегалната миграција без да постојат детекциски центри не е можно, оцени словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калињак.
Според него, прифатилиштата ќе ги спречат случаите кога бегалците се регистрираат на разни места под различни идентитети или пак воопшто не се регистрираат.
Земјите на В4 поддржуваат и создавање на заедничка европска гранична стража.
Унгарија на состанокот беше застапувана од амбасадорот на земјата во Чешка, Тибор Пеќо.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
