Земени мостри од бачилото во гостиварското село Симница

Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со надлежното ветеринарно друштво и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина вршат контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница со цел утврдување евентуално присуство на заразна болест кај добитокот и евентуална причина за појава на болест од која две лица починаа, а уште седум се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека земени се мостри за лабораториско испитување од добиточната храна и водата во одгледувалиштето, како и од производите од млеко и сирење кои се произведуваат во бачилото. Земена е и крв од овците за дијагностичко испитување со цел утврдување на евентуалниот причинител на заразата.
На одгледувалиштето зголемени се и биосигурносните мерки, а во текот на денот ќе биде извршена и комплетна дезинфекција и дератизација.
- Заради спречување ширење на евентуална зараза, изречени се мерки за забрана за движење на стадото и обврска за задолжително пријавување на евентуално заболени или угинати животни до надлежното ветеринарно друштво, се наведува во соопштението од АХВ.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
