Земан: Во ЕУ би можеле да пристигнат милиони бегалци
Европската унија би можела да се соочи со масовен прилив на околу 10 милиони бегалци од Африка во текот на следните години, доколку не ја смени својата политика, тврди чешкиот претседател Милош Земан.
- Ако ЕУ не собере храброст да ги зајакне своите надворешни граници, за што постојано зборува но ништо не презема, тогаш ќе имаме 10 милиони бегалци во следните неколку години, истакна Земан.
Тој додаде дека приливот на бегалци од муслиманските земји претставува закана за европската култура, бидејќи тие две култури „не се компатибилни“.
Земан саркастично се согласи со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која смета дека исламот има место во европската култура, нагласувајќи дека „исламот дефинитивно припаѓа тука поради војната со Отоманското царство“.
Тој предлага, наместо да ги прифати бегалците, ЕУ треба да им пружи финансиска помош на државите од каде тие пристигнуваат.
Чешка, заедно со Унгарија и Полска, одбива да прими мигранти согласно договорот на ЕУ за нивна распределба.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот