Земале подарок за да не напишат казна, кривична за тројца полицајци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ. и Д.Ј., полициски службеници во Полициска станица Центар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека тие се сомничат дека на 4 јули 2024 година, околу 23:00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при вршење службени задачи побарале и примиле подарок за себе за да не извршат службено дејствие, односно да не констатираат сообраќаен прекршок и на тој начин го нарушиле угледот на Министерството за внатрешни работи.
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
-

Ненад Савески го пoчнува мандатот како нов државен јавен обвинител
