Зеленски вети дека повторно ќе ја заземе цела Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вети дека ќе го врати секој дел од територијата која Русија и ја одземала на Украина, додека неговите војници од првата линија оствариле територијални придобивки во Бахмут.
Мораме да ги вратиме слободата, безбедноста и Европа на целата украинска земја“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќањеНеговото обраќање следи неколку часа откако украинските војници, вклучени во тешки борби за контрола на источниот регион Доњецк, рекоа дека ги потиснале руските војници до два километри на некои места во близина на Бахмут.
„Таму спроведуваме ефективни контранапади“, рече синоќа на Телеграм, Олександр Сирски, командант на украинските копнени сили.
Тој посочи дека единиците на руската платеничка група Вагнер во некои делови биле заменети со единици на редовната руска армија. „Овие помалку обучени единици сега се поразени.
Но, битката за Бахмут продолжува“, истакна Сирски.
Ново на Сител
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
