Зеленски: Украина ќе продолжи со напади длабоко на руска територија за да покаже дека е неопходен мир

Украина ќе продолжи да изведува напади врз цели длабоко на руска територија за да и покаже на Русија и на нејзините граѓани дека е неопходно да се прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Бележиме уште еден успех на нашите украински одбранбени сили – погоден е уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, и тоа на значително растојание – повеќе од 2.500 километри. Се наоѓа во Тоболск, во Сибир. Сега и тој регион е во досег на нашите прецизни удари. Тоа е многу значаен успех на нашите украински војници. Им благодарам на сите за прецизноста. Ќе има уште украински прецизни удари за да и покажеме на Русија и на рускиот народ дека е неопходен мир“, изјави Зеленски.
Според украинскиот претседател, податоците од внатрешните истражувања на јавното мислење во Русија наводно покажуваат дека бројот на луѓето кои сакаат војната да заврши веќе се зголемува.
Зеленски нагласи дека тоа треба да стане уште поизразено, така што „Путин и неговата администрација, агентите на Федералната служба за безбедност и сите останати во државата-агресор недвосмислено ќе разберат дека нема алтернатива на мирот“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
