-->
-->
Зеленски скептичен за преговори со Русија
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази екстремен скептицизам во врска со преговорите со Русија за ставање крај на тековната војна меѓу двата соседа, јави ДПА.
Русија „врши меѓународно злосторство“, рече Зеленски пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк. – Затоа оваа војна не може едноставно да згасне. Затоа оваа војна не може да се смири со разговори.
Потребна е акција, рече Зеленски. – Од првата секунда од оваа војна, Русија прави работи што не може да се оправдаат според Повелбата на ОН, нагласи украинскиот лидер.
Рускиот претседател Владимир „Путин прекрши толку многу меѓународни норми и правила што нема сам да застане, Русија може само да биде принудена на мир, а тоа е токму она што е потребно“, изјави Зеленски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа