Свет
30. July 2022 - 12:50

Зеленски: Секој окупатор кој мачи и убива ќе биде казнет, ништо нема да ја спречи одмаздата

Нападот на затворот во кој се држеле затворениците е со умисла масовно убиство на украински воени затвореници, објави во своето ноќно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Повеќе од педесет мртви… Секој окупатор кој малтретира Украинци, кој мачи и убива, треба да знае дека за тоа ќе биде казнет. Ако некој од руските убијци се надева дека нема да биде изведен пред лицето на правдата, дека некаде ќе се скрие , нека знае: ќе одговараат во секој случај Географијата, времето, границите и ѕидовите нема да ја спречат праведната одмазда“, рече тој.

„Русија со бројни терористички напади докажа дека е најголемиот извор на тероризам во денешниот свет. Тоа е факт“, рече Зеленски.