Зеленски: Се додека не се потпише документ за прекин на огнот, руските напади ќе продолжат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ќе продолжи со воздушните напади врз Украина додека не се потпише документот за делумен прекин на огнот.
„Не знам што (рускиот претседател Владимир) Путин зборува таму, но ние сега (ноќта на 20 март) имаме околу 107 дронови „Шахид“ на небото. Поради тоа разбирам дека додека не постигнеме договор, додека не постои соодветен документ дури и за делумен прекин на огнот, мислам дека сè ќе биде залудно“, рече Зеленски на онлајн брифинг.
Тој изрази надеж дека може да се постигне договор за време на разговорите во Саудиска Арабија. Зеленски рече дека би сакал американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Украина.
„Во времето кога се одржуваа изборите, навистина сакав претседателот Трамп и неговиот тим да дојдат во Украина. Мислам дека е многу важно за него да ги види нашите градови“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека би сакал Трамп „сето ова да го види, почувствува и сам да донесе свои заклучоци, како искусен човек“. По телефонскиот разговор со Трамп, Зеленски претходно посочи дека Украина се согласила на прекин на огнот врз енергетската и цивилната инфраструктура.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
