Зеленски: Русија употреби 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 бомби оваа недела

Руската Федерација оваа недела употреби околу 50 ракети, повеќе од 3.270 дронови и 1.370 водени воздушни бомби против Украина, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил.
„Украина никогаш не побарала војна. Се согласивме за безусловно прекинување на огнот, баравме можности за мир и самите постојано му предлагавме на светот како да ги запреме нападите од воздух, копно и море. Но, Русија е таа што постојано го забавува овој процес: манипулира, ги одложува преговорите, го тероризира нашиот народ со воздушни напади и ги ескалира нападите на фронтот. Војната продолжува само затоа што Москва не сака да ја заврши“, посочува Зеленски, пренесува Укринформ.
Претседателот на Украина наведе дека руската армија речиси секој ден извршува стотици напади врз критичната и цивилна инфраструктура на Украина.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
