Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизиска и радио компанија Си-Би-Ес њуз соопшти дека во наредните месеци ќе започне голема руска офанзива и побара помош од партнерските земји за земјата да се подготви за тоа.
– Ситуацијата на фронтот беше стабилизирана со приближувањето на пролетта, но зимските месеци беа предизвик за вооружените сили на Украина, рече Зеленски.
– Ја стабилизиравме ситуацијата. Подобро е отколку што беше пред два или три месеци кога имавме голем дефицит на артилериска муниција и на различни видови оружје“, рече тој. – Всушност и не видовме голема, огромна контраофанзива од Русија… Немаа успех, рече Зеленски.
Сепак, тој предупреди дека голема руска офанзива се очекува кон крајот на мај или јуни и дополни дека украинската војска не е подготвена да се брани од уште една голема руска операција, без помош на партнерите.
– И пред тоа, не само што треба да се подготвиме, не само што треба да ја стабилизираме ситуацијата, бидејќи партнерите понекогаш се навистина среќни што ја стабилизиравме ситуацијата, рече Зеленски за другите поддржувачи на САД и Украина. „Не, велам дека сега ни треба помош“.
Покрај тоа, Зеленски призна дека војната во Појасот Газа го префрли меѓународниот фокус – и помошта на САД – подалеку од Украина.
Зеленски предупреди дека ако Украина загуби, Путин нема да застане тука. Војната на Русија „може да дојде во Европа и во САД“.
– За него, ние сме сателит на Руската Федерација. Во моментов сме ние, потоа Казахстан, потоа балтичките земји, потоа Полска, па Германија. Најмалку половина од Германија, оцени украинскиот претседател
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај